
Азиските инвеститори се претпазливи бидејќи нема многу причини за купување акции, со оглед на тоа што забавува растот на регионалните економии, како и американскиот, најголемиот извозен пазар за повеќето азиски компании.
Инвеститорите беа разочарани и од вчерашниот пад на Волстрит. Иако Dow Jones зајакна 0,5 отсто, S&P 500 се лизна за 0,7 отсто, а Nasdaq индексот повеќе од 2 отсто.
Падот на S&P 500 и Nasdaq најмногу се должи на притисокот врз акциите на Netflix и Tesla, откако технолошките гиганти ги објавија своите квартални деловни резултати.
Цената на Тесла потона за речиси 10 отсто, а на Нетфликс за повеќе од 8 отсто.
Вестите од Нетфликс и Тесла не се крај на светот, но им дадоа причина на инвеститорите да се запрашаат дали требало да ги купат тие акции по толку високи цени. Затоа, дел од инвеститорите решија да повлечат пари од тие акции“, вели Кен Полцари, партнер во Kace Capital Advisors.
Од друга страна, цената на акцијата на Џонсон и Џонсон силно скокна, за повеќе од 6 отсто, откако компанијата ги објави деловните резултати и ги зголеми проценките за заработката за оваа година.
Ова е главната причина за растот на индексот Dow Jones деветти ден по ред.
Досега 77 компании од индексот S&P 500 ги објавија своите деловни резултати, а повеќето од нив ги надминаа проценките на аналитичарите во однос на заработката.
Во анкетата на Ројтерс, аналитичарите проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 паднала за 7,9 отсто во вториот квартал во споредба со истиот период минатата година. Сепак, на почетокот на месецот се очекуваше пад на платите од 5,7 отсто.











