Т-Мобиле се уште преговара за интерконекција со Албафон

20

Т-Мобиле Македонија ги известува своите корисници дека се уште не е договорена интерконекција со мобилниот оператор Албафон. Преговорите се во тек, но нема договор, и токму од таа причина корисниците на Т-Мобиле Македонија не можат да бираат кон броевите од мрежата на Албафон (со префикс 073).

За сите прашања на оваа тема, корисниците треба да се обратат во Албафон.