Сообраќајот се одвива непречено

39

Од 07.10.2013 започнаа градежни работи на реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонијапат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена ќе изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.
Oд 25.09.2013 се воведе времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци – Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација. На делот од н.с.Романовци до кл.Куманово, во должина од 3км левата сообраќајна лента е затворена за сообраќај поради геодетски мерења.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.