
Евростат неодамна го објави индексот на минималната плата на сите европски земји, а во извештајот ги објави и бруто износите на минималните плати во европските земји, како членки на Европската унија, така и кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ.
Според тој извештај, минималната бруто плата во Црна Гора е меѓу најниските, 532 евра, додека во Србија, според податоците на Евростат, таа сума е 544 евра.
На листата на Евростат за минимални бруто плати, Бугарија со 477 евра, Албанија со 385 евра, Северна Македонија со 360 евра и Босна и Херцеговина со минимални 316 евра. Во Турција минималната сума е 613 евра.
„Аваз“ пишува дека платите во земјите од Европската унија значително варираат и дека Луксембург води во колоната каде минималниот е 2.571 евро.
Следува Ирска која има минимална плата од 2.146 евра, Холандија со 2.070 евра, а Германија има сума поголема од 2.000 евра, односно 2.054 евра.
14 земји членки од 22 на листата имаат минимална плата под 1.000 евра. Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска не се на списокот бидејќи немаат национална минимална плата. Исто така, го немаат земјите од Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) Норвешка, Швајцарија и Исланд.
Меѓу земјите кои имаат минимална плата меѓу 1.000 и 1.500 евра се Шпанија и Словенија.











