ЕБОР и KfW ќе кредитираат 100 милиони евра за инфраструктурата на Балканот

58

pariЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Германската развојна банка KfW отворија нов фонд од 100 милиони евра за унапредување на инфраструктурата на западен Балкан.

Фондот ќе биде фокусиран на кредитирање на мали и средно големи локални самоуправи кои обично имаат ограничени капацитети да подготват одржливи инфраструктурни проекти и на кои им е отежнат пристапот до финансирање од комерцијалните банки.

Од фондот ќе се финансираат проекти во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Минималните заеми ќе бидат 100.000 евра, а максималните пет милиони евра.