Пловечки базен на Сена е новата атракција на Олимписки Париз

151

Природната естетика и минималистичкиот стил на дизајн дополнително го подобруваат чувството да се биде на отворено, додека конструкцијата на базенот овозможува пливање дури и во случај на дожд или студени зимски ноќи.

Додека спортистите и туристите од целиот свет полека пристигнуваат во „градот на светлината“, француската компанија Seine Design го претстави бродот по име Анет К, кој моментално плови на реката Сена и со своите капацитети нуди разладување и релаксација на оние кои газат на нејзината палуба.

Објектот располага со отворен базен со идеална должина за Олимписките игри, кои ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август оваа година како и спортски, здравствен и велнес центар.

Овој простран простор содржи различни активности во кои може да се ужива од утро до вечер, а има и кафуле, ресторан, спа и соби за физиотерапија.

Центарот Annette K е поделен на зони, а површината на базенот е јасно дефинирана, што може да се види и од просторот организиран под базенот, објаснуваат од студиото за Designboom.

Базенот е изграден од дрво, челик и стакло, а структурата се однесува на естетиката на бродоградбата и хармонично се вклопува со околниот дрвореди и зградите со бели фасади на десниот брег на Сена.