По една година постоење, реномираната компанија АРТ Мебел го отвори вториот салон во Скопје на улица Првомајска. Со ова љубителите на уникатен и квалитетен мебел и кујни добија уште едно место на кое може да најдат се за уредување на убав и топол дом.
Свеченото отворање се одржа вчера (20. ноември) на кое присуствуваа бројни гости.
АРТ Мебел е присутен во Скопје од минатата година кога отвори салон во населбата Бутел. Потрошувачите ги препознаа уникатноста и квалитетот на мебелот и кујните, па компанијата брзо прерасна во препознатлив бренд.
Освен што на потрошувачите им нуди буквално се за опремување на модерен, удобен и функционален дом, АРТ Мебел се погрижи да стане подостапен за сите, а изработува и мебел и кујни по нарачка.
„Потрошувачите се задоволни од нашата разновидна понуда и забележавме дека еден салон не е доволен за да ги задоволи потребите на сите заинтересирани. Поради тоа решивме да се доближиме до сечиј дом, а тоа го постигнавме со отворањето на новиот салон на улица Првомајска, во кој ќе понудиме квалитетен мебел и кујни за сечиј вкус. Во нашите салони нудиме комплетни решенија за комфорен и модерен дом, што е сечиј сон“, изјавија од менаџментот на АРТ Мебел.
АРТ Мебел изработува секаков вид на мебел по нарачка, а особено се истакнува по висококвалитетните кујни кои се омилени меѓу потрошувачите. Тоа го потврдува и освоената награда на минатогодишниот Саем за мебел за најдобри решенија за вградливи кујнски елементи.