Која автомобилска фирма во Македонија „газеше“ во 2024? Македонски авто – компании заработија милиони

Автомобилскиот сектор во Македонија бележи стабилен раст во 2024 година, со зголемување на приходите, добивките и бројот на вработени во повеќето водечки компании, велат податоците од Бизнис Мрежа. Анализата на финансиските резултати покажува дека неколку компании се издвојуваат како најпрофитабилни, демонстрирајќи финансиска сила, ефикасно управување и пазарна конкурентност.

Според податоците од Бизнис Мрежа најголема автомобилска компанија според приходите и во 2024 година останува Порше Македонија, со остварени приходи од 6,17 милијарди денари, што претставува зголемување од речиси 9% во однос на 2023 година. Компанијата ја заврши минатата година со добивка од 350,3 милиони денари, со 103 вработени. Годината претходно имала 103 вработени, 5,69 милијарди денари приходи и добивка од 248.501.387 денари

Во 2024 година, АУТОМОТИВ ГРУП ДООЕЛ Скопје работела значително подобро во однос на 2023 година. Добивката е повеќе од дуплирана – од 15,9 милиони на 33,2 милиони денари. Ова значи дека компанијата работела поефикасно во 2024 година. Вработените се зголемени од 60 на 70 лица.

Друштво за промет и услуги АУТОМОТИВ ГРУП ДООЕЛ Скопје во 2024 година имала Приходи од 1.240.426.352 денари, расходи 1.200.499.691, добивка 33.242.773 денари и 70 вработени.
Во 2023 година имала приходи од 965.811.693 денари, расходи  од 947.034.038 денари, добивка 15.909.663 денари и 60 вработени.

Друштво за производство, трговија и услуги ГРАНД АУТО ДООЕЛ Скопје во 2024 година имала приходи од  1.366.762.651 денари, расходи од 1.300.917.110 денари  и добивка од 58.943.412 денари и 39 вработени. Приходите во 2023 година  биле 1.235.230.983 денари, расходите 1.164.649.869 денари, добивката изнесувала 62.745.424 денари, а бројот на вработени е ист како и претходната година односно 39.
Компанијата ГРАНД АУТО ДООЕЛ Скопје во 2024 година покажува раст во приходите, но намалена добивка.

Компанијата ЕУРОИМПЕКС ДОО увоз-извоз Скопје покажува силен раст на приходите. Добивката е зголемена, а исто така зголемен е и бројот на вработени за 3 лица (од 92 на 95), што е умерен раст.
Приходите во 2024 година изнесувале 3.451.197.699 денари, расходите 3.281.407.372 денари, а добивката 151.882.877 денари. Во 2023 година приходите изнесувале 2.656.696.184 денари, расходите 2.495.368.575 денари, а добивката 144.206.896 денари.

Во 2024 година, МАК АУТОСТАР ДООЕЛ Скопје покажува подобрување во речиси сите  аспекти на работењето. Приходите во 2024 година изнесуваат 4.755.985.692 денари, расходите  4.195.567.944 денари, а добивката 507.391.857 денари. Бројот на вработени во 2024 година е 76.
Во 2023 година приходите изнесуваат 4.474.385.832 денари, расходите 4.030.799.974 денари, а добивката 396.726.456 денари. Бројот на вработени во 2023 година е 75.
Компанијата во однос на годината претходно  бележи зголемени приходи, расходи и добивка,  а минимално покачување на бројот на вработени.

Друштво за трговија и услуги М КАР ДООЕЛ Скопје во 2024 година остварила 1.551.640.121 денари приходи, 1.314.421.006 денари расходи, а добивка од   206.745.435 денари. Во 2024 година имале 31 вработен. Во 2023 година приходите изнесувале 1.666.087.863 денари, расходите 1.422.446.812 денари, а добивката    218.508.361 денари. Имале 28 вработени во 2023 година.

Друштво за производство, трговија и услуги ТОЛТУ МОТОРС ДООЕЛ Скопје во 2024 година имала приходи од 19.215.106 денари, расходи од  18.693.474 денари, а добивка 429.482 денари. Бројот на вработени во 2024 година изнесува 9.
Во 2023 година приходите изнесуваат 34.421.666 денари, расходите 33.285.159 денари, а добивката 973.136 денари. Бројот на вработени во 2023 година изнесува 9. Приходите и добивката се речиси преполовени на оваа компанија.

Друштво за производство трговија и услуги АУТОМОБИЛЕ-СК ДОО експорт-импорт Скопје. Приходите во 2024 година на оваа компанија изнесуваат 946.248.096 денари, расходите 875.279.260 денари, а добивката 63.861.013 денари. Бројот на вработени во 2024 година изнесува 49.
Во 2023 година приходите на компанијата изнесуваат 625.792.436 денари, расходите 580.051.248 денари, а добивката 42.078.651 денари. Бројот на вработени  во 2023 изнесува 50. Добивката минатата година на оваа компанија е зголемена во однос на претходната.

Компанијата АВТОНОВА ДОО експорт-импорт Скопје во 2024 година постигнала многу добри резултати.
Друштво за трговија и услуги АВТОНОВА ДОО експорт-импорт Скопје. Во 2024 година приходите изнесуваат 3.320.018.378 денари, расходите  2.975.013.337 денари, а добивката 309.654.505 денари. Бројот на вработени во 2024 изнесува 46.Во 2023 година приходите изнесуваат 2.330.480.585 денари, расходите     2.128.201.124 денари, а добивката 182.544.386 денари. Бројот на вработени во 2023 година изнесува 42.

Компанијата ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ во 2024 година покажува одлични резултати: раст на приходите и добивката, подобрување на профитабилноста и умерено зголемување на бројот на вработени.

Трговско друштво за трговија со возила и резервни делови ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ експорт-импорт Скопје. Во 2024 година приходите на компанијата се   1.577.793.851 денари, расходите  1.456.880.109 денари, а добивката 108.235.982 денари. Бројот на вработени во 2024 година е 36.
Во 2023 година приходите на компанијата биле  1.307.716.762 денари, расходите    1.222.129.529 денари, а добивката 75.419.203 денари. Бројот на вработени во 2023 година е 34.

Друштво за трговија и услуги ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО увоз извоз Скопје. Приходите во 2024 година се 942.987.549 денари, расходите  918.669.905 денари, а добивката 33.727.999 денари. Бројот на вработени во 2024 година е 44.

Во 2023 година приходите на компанијата се 756.538.577 денари, расходите     725.309.544 денари, а добивката 28.022.939 денари. Бројот на вработени во 2023 година е 30 вработени.

Во 2024 година, ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО покажува: раст на приходите, раст на добивката и значајно проширување на работната сила.