Претставување на можностите за инвестирање во Берлин

35

По посетата и политичките средби во Брисел, премиерот Никола Груевски продолжува со економска посета на Република Германија.

Планирани се повеќе одвоени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, а централен настан е бизнис форумот што ќе се одржи вечер, на кој пред стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија ќе бидат претставени поволностите за инвестирање во Република Македонија.

Во владината делегација, покрај министерот за надворешни работи Никола Поповски, во Берлин се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски, како и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо.