НЛБ Банка: Hов четиригодишен мандат за членовите на Надзорниот одбор

Народната банка на Република Северна Македонија на 22 август 2025 година издала решенија со кои дава претходна согласност за повторно именување на три членки на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Според соопштението објавено на Македонската берза, Г-ѓа Хедвика Усеник, Г-ѓа Андреја Стражишар и Г-ѓа Кристина Ковачич Бјелајац ќе продолжат да ја извршуваат својата функција во Надзорниот одбор со нов мандат од четири години, почнувајќи од 31 август 2025 година.

“Ве известуваме дека на ден 22.08.2025 година, од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија издадени се Решенија со кои се издава претходна согласност на Г-ѓа Хедвика Усеник, Г-ѓа Андреја Стражишар и Г-ѓа Кристина Ковачич Бјелајац да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од 4 (четири) години, сметано од 31.08.2025“.