
Членот на Управниот одбор и генерален директор на Аутомакедонија АД Скопје, Игор Илиевски, се стекна со 200 акции од компанијата, информираат од компанијата преку Македонската берза.
Станува збор за трансакција извршена согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската берза, со што се исполнува обврската за навремено известување за промени во сопственоста од страна на лица со посебни овластувања и одговорности во компанијата.
Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската
Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Членот на Управниот
одбор и Генерален Директор на Аутомакедонија АД, г-дин Игор Илиевски, се стекна
со 200 акции од издавачот Аутомакедонија АД Скопје
Со оваа набавка, Илиевски го зголемува своето лично учество во сопственичката структура на Аутомакедонија, една од водечките компании на македонскиот пазар.














