
Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата наденеска по шести пат го организира настанот „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност, сите единаесет членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.
Одржувањето на Инвеститорскиот ден значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Поконкретно, на Инвеститорскиот ден сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива
Купи акции без да платиш провизија!
Инвеститорскиот ден е можност за сите домашни физички лица да можат да инвестираат во акции и да тргуваат без било какви провизии.











