Германските бизнисмени, учесници на економскиот форум Европа 20-20: Предизвици и реформи за стопанството и животната средина, кој денеска се одржа во Скопје, се запознаа со инвестициските предности и можности кои ги нуди Македонија.
Во своето излагање, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, ги претстави актуелните економски прилики во Македонија, осврнувајќи се на преземените реформи за подобрување на бизнис-климата, очекувањата за состојбите во економијата, како и за резултатите од преземените активности.
“Македонија успеа да се наметне како земја од која на германскиот пазар се испраќаат производи со повисока технолошка вредност. Ова ја подобрува перцепцијата кај германските бизнисмени и претставува силен аргумент за Македонија да биде следната локација за нивните инвестиции. Според последните статистички податоци, Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија со вкупна надворешно-трговска размена од 1,4 милијарди евра во 2012 година. За периодот јануари-септември размената изнесува 1,2 милијарди евра што претставува пораст од скоро 20% споредено со лани истиот период ”, изјави премиерот Груевски.
Почетна Новости Македонија Германските бизнисмени се запознаа со инвестициските предности на Македонија