ОИЛКО купува акции од Макпетрол – трето зголемување за краток период

Акционерот ОИЛКО КДА – Скопје се стекна со дополнителни 74 обични акции од Макпетрол АД Скопје, со што го зголеми својот вкупен удел во компанијата на 25,32%.

Според известувањето доставено до Македонската берза, ОИЛКО сега располага со вкупно 28.455 обични акции, што претставува повеќе од четвртина од вкупниот број на издадени акции на Макпетрол.

Ова е трето зголемување на уделот во краток временски период. Имено, пред една недела, истата компанија се стекна со 194 обични акции , со што тогаш го зголеми својот вкупен удел на  28.381 обични акции, односно 25,25%.

Акциите на Макпетрол се тргуваат по просечна цена од 116.999,00 денари.