Благ пад на индустриските цени во август – годишно зголемување од 4.2%

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во август 2025 година, во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %, a се зголемени во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3 %, додека  во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети, објави Државниот завод за статистика.

Во август 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 1.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.2 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.9 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август 2025 година:

  • се намалени за 0.1 % во однос на претходниот месец
  • се зголемени за 4.2 % во однос на истиот месец од претходната година