
Компанијата ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми своето учество во Макпетрол АД Скопје, стекнувајќи се со дополнителни 696 обични акции, според известувањето доставено до Македонската берза.
Со оваа трансакција, ОИЛКО сега поседува вкупно 29.151 обична акција, што претставува 25,94% од вкупниот број издадени акции на Макпетрол АД Скопје.
Ова е четврто зголемување на уделот во краток временски период. Имено, пред една недела, истата компанија се стекна со 74 обични акции, со што тогаш го зголеми својот вкупен удел на 28.455 обични акции, односно 25,32%%.
Акциите на Макпетрол се тргуваат по просечна цена од 117.416,67 денари.