
Компанијата ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми својот удел во сопственичката структура на Макпетрол АД Скопје, откако се стекна со нови 91 обична акција од издавачот.
Според известувањето доставено до Македонската берза, по оваа трансакција, ОИЛКО КДА вкупно поседува 29.242 обични акции, што претставува 26,02 отсто од вкупниот број издадени акции на Макпетрол АД Скопје.
Ова е петто зголемување на уделот во краток временски период. Минатиот понеделник компанијата се стекна со 696 обични акции, со што тогаш го зголеми својот вкупен удел на 29.151 обични акции односно 25,94% .
Акциите на Макпетрол се тргуваат по просечна цена од 118.500,00 денари.











