
Компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ го намали својот удел во Реплек АД Скопје, откако продаде 24 акции, информираа од Реплек преку Македонската берза.
По трансакцијата, НАСТЕЛ поседува вкупно 16.212 акции, што претставува 6,25% од вкупниот број акции на фармацевтската компанија.
Информацијата е објавена како ценовно чувствителна, согласно Глава 6 и член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.












