Економистите прогнозираат раст од 3,2% за 2025: Инвестициите клучни за одржлив развој

Годинава, според економските аналитичари, ќе заврши со раст на БДП за 3,2%. Третото тромесечје испорача пораст од 3,8% што на Владата и даде аргумент да ја вброи земјава во трите водечки европски економии. Како ќе заврши економската 2025-та ќе се знае по истекот и на последниот квартал што веќе го „ситниме“, но според таргетот, годинава треба да заврши со 3,5% раст на БДП . Во меѓувреме економистите прогнозираат дека во оваа 2025-та растот на БДП ќе изнесува 3,2%. Според аналитичарите, за одржлив раст и развој, клучни ќе бидат домашните и странските инвестиции.

„Умерените инфлациски движења, растот на платите и пензиите ќе придонесат за зголемена куповна моќ на населението и заедно со кредитирањето би придонеле за раст на личната потрошувачка, што би се одразило позитивно врз економската активност. Посебно се истакнува важноста на јавните инвестиции во инфраструктурни проекти за економијата“ – се наведува во најновата Анкета на НБМ со која се опфатени ставови на економските аналитичари.

Локомотива на економскиот раст е градежништвото, бруто инвестициите испорачаа двоцифрена стапка на пораст но тоа е „променлива“ компонента која треба да се следи – оценија од „Фајнас Тинк“.
Целиот текст на Локално.мк