Објавена е листата на најдобрите кујни во светот – каде е рангирана македонската?

TasteAtlas, глобалната гастрономска енциклопедија, ја објави својата годишна листа на најдобри кујни и јадења во светот. Според овогодинешното рангирање, најдобрата кујна во светот е италијанската, со просечна оценка од 4,64. Следат Грција (4,60) и Перу (4,54).

Резултатите се базираат на 590.228 оценки за 16.357 јадења, што ја прави оваа листа една од најдеталните во гастрономскиот свет.

10-те најдобри кујни во светот за 2025/2026 година:
Италија (4,64)
Грција (4,60)
Перу (4,54)
Португалија (4,53)
Шпанија (4,53)
Јапонија (4,49)
Турција (4,49)
Кина (4,48)
Франција (4,48)
Индонезија (4,48)
И македонската кујна се појавува на листата. Македонија со оценка 4.14  е рангирана на 53 место.
Меѓу традиционалните специјалитети што добија високи оценки се:
Охридска пастрмка (4,6), селско месо (4,5), сарма (4,4), ајвар (4,4), лутеница (4,4).
Компир манџа, мазник,  полнети пиперки и мекици се набројани како специјалитети кои задолжително треба да се пробаат.

Најдобрите јадења во светот
Објавена е и листата на 100 најдобри јадења во светот, а првото место го зазеде парагвајската супа Вари-Вори со резултат од 4,64.

Топ 10 јадења во светот:

Вари-Вори – Парагвај (4,64)
Пица Наполетана – Италија (4,58)
Таџарин ал тартуфо бианко д’Алба – Италија (4,52)
Сате камбинг – Индонезија (4,52)
Чаг ќебапи – Турција (4,51)
Контосувли – Грција (4,51)
Ароз тападо – Перу (4,50)
Комплет лепчиња – Србија (4,50)
Бирија такос  – Мексико (4,49)
Папарделе ал чингијале – Италија (4,47)