
Град Скопје алармира дека граѓаните и компаниите во периодот од 2020 до 2025 година не подмириле даноци и комунални такси во износ поголем од 36 милиони евра. Од градската администрација упатуваат јавен повик сите должници што поскоро да ги платат заостанатите обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и фирмарина, со цел да се обезбеди непречено финансирање на клучните градски услуги и инфраструктура.
Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и правните лица должат над 36 милиони евра кон Градот Скопје.
Град Скопје ги повика граѓаните и компаниите да ги подмират неплатените обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комуналната такса-фирмарина, во најкраток рок.
Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и правните лица должат над 36 милиони евра кон Градот Скопје.
„Даноците на имот и комуналните такси се основни извори на приходи на Градот, кои овозможуваат финансирање на основните функции, инфраструктурни проекти, услуги на комуналните претпријатија и јавните установи, како и трошоците на средните училишта“, се наведува во соопштението.
Увид во долгот, преземање на решенија и електронска уплата може да се изврши преку платформата на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.
Уплатата на данокот може да се изврши и на шалтерите на Град Скопје кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот и во сабота на 13 декември.











