Продажните цени на индустриските производи повисоки за 4,1% во споредба со октомври лани

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.3 %

Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 1.4 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.

Во октомври 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 4.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври 2025 година се зголемени:

  • за 0.3 % во однос на претходниот месец
  • за 4.1 % во однос на истиот месец од претходната година