
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.5 % во октомври 2025 година во однос на претходниот месец, oбјави Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во октомври 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 7.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %.
Во октомври 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 4.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.7 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во октомври 2025 година се зголемени:
- за 0.5 % во однос на претходниот месец
- за 3.7 % во однос на истиот месец од претходната година











