
Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 0.4 % во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Вкупно, во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година, прометот во индустријата, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %, Капитални производи за 2.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 12.3 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Во октомври 2025 година во однос на септември 2025 година, прометот во индустријата, вкупно, бележи опаѓање од 0.5 %, додека во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, бележи пораст од 5.8 %.
На домашниот пазар во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, прометот во индустријата бележи опаѓање од 0.3 %, додека во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, бележи пораст од 0.4 %.
На странските пазари во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи опаѓање од 0.9 %, додека во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, бележи пораст од 7.0 %.
Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, имаат одделите:
- Производство на други неметални минерални производи со 15.4 %
- Производство на електрична опрема со 8.2 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 6.7 %











