
АЛТА банка АД Битола информира дека на 17 декември 2025 година, Надзорниот одбор донесе одлука со која се поништува претходнoтo именувањe на м-р Маја Кадиевска Војновиќ како член на Управниот одбор.
Сè додека не се комплетира составот на Управниот одбор и не истече мандатот, функцијата член на Управниот одбор ќе продолжи да ја извршува м-р Даниела Ѓоршевска.
Инаку од 12.12.2025 година, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име АЛТА банка АД Битола или скратено само АЛТА банка.
Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој заедно со поврзаните субјекти поседува 93,2571%.











