
Стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21.9 %, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ДЗС ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2024 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17.1%. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0%. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29.1 %.
Во 2024 година:
Стапката на сиромаштијата е 21.9 %
Стапката на сиромашни пензионери 12.0 %











