Кои македонски бизнисмени се најдоа на листата 100 најбогати во регионот за 2025

Кои македонски имиња го потврдија своето место меѓу регионалните елити?

Стоте најбогати бизнисмени во регионот го зголемиле своето богатство за околу две милијарди евра за само една година, според овогодинешното регионално истражување, кое заеднички го спроведоа белградското списание „Недељник“, сараевскиот дневен весник „Ослобоѓење“, словенечкиот „Фајнанс“ со порталот „Фајнанс менаџер“, хрватскиот неделник „Лидер“ и македонскиот бизнис магазин и портал „Капитал“.

Сепак, не е сè во нашиот регион исто како во развиениот свет. На пример, високотехнолошките компании кои беа на чело на листата на 100 најбогати пред две или три години сега се во мал пад. Иако Србија е зафатена од голема политичка и економска криза, листата на 100 најбогати има најмногу (48) бизнисмени од Србија. По две години доминација на бизнисмени од Хрватска, тандемот од Србија се врати на врвот на листата. Сопственикот на Делта Холдинг повторно е најбогатиот бизнисмен во регионот. Неговите стапки ги следи семејството Костиќ, кое успешно го презеде управувањето со МК Груп.

Македонска моќ во регионот: Осум бизнисмени од земјава на листата на 100 најмоќни

Во првите 10 најбогати се наоѓаат четири бизнисмени од Србија и шест од Хрватска  Низата на најбогатите хрватски и српски бизнисмени е прва што ја прекинува бизнисмен од Босна и Херцеговина, кој се пласираше на 21-во место на Листата на 100 најбогати.

Десет места подоле, односно на 31- во место е првиот човек на фрмацевтскиот гигант Алкалоид, Живко Мукаетов, (892 милиони евра) на 48- мо место е Илија Гечев, сопственикот на компанијата ИГМ трејд (677 милиони евра), а веднаш по него е Андреја Јосифовски, прв човек на нафтениот гигнат во земјава Макпетрол (662 милиони евра). Во првите 100 се најдоа и Висар Јакупи и Алајдин Даути од Кипер маркет кои се на 90 -то место со 317 милиони евра, Слободан Кутревски од Пекабеско со 293 милиони евра е рангиран на 96 – то место, а семејството Георгиев, Стокомак со 284 милиони евра на 97 – мо место.

И на најновата листа на 100-те најбогати во регионот доминираат традиционалните бизниси. Најмногу пари се заработуваат во трговијата и дистрибуцијата, земјоделството/аграр и градежништвото/недвижностите. Но, исто така и во игрите на среќа.

Технички забелешки

И оваа листа на 100-те најбогати во регионот ја составија експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Тие ги користеа најавторитетните мултипликатори на Школата за бизнис Стерн на Универзитетот во Њујорк (и споредбени компании) и во анализата ги вклучија резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот. Користени се финансиска методологија и низа алатки, кои овозможуваат да се дојде до најреалната вредност на компаниите.

Земени се предвид квалитетни податоци – промет, EBITDA, нето добивка, пресметана е таканаречената конверзија на готовина, направени се споредби во истата индустрија меѓу слични компании, како и акумулирана неинвестирана добивка.

Консултантите соработуваа со водечката инвестициска банка Хефестос Капитал и нејзиниот сопственик Стефан Петровиќ, користејќи ја нејзината методологија за вреднување на компаниите што ја адаптираа на нашиот регион. Таа банка помогна во сите анализи и веруваме дека листата е најблиску до она што ја одразува реалноста.

„Лидер“ традиционално ги рангира најголемите компании според вкупните приходи од финансиските извештаи за 2024 година. Врз основа на тие податоци и користејќи ја нивната методологија за вреднување на компаниите, аналитичарите на берзата ангажирани од „Неделник“ успеаја да ја стандардизираат методологијата. Поради тие последователни пресметки, имаше разлики во рангирањето на хрватските бизнисмени помеѓу листата објавена од „Лидер“ и Листата на 100-те најбогати во регионот објавена од „Неделник“. Во договор со колегите од „Финансе“, не се вклучени најбогатите Словенци во Листата на 100-те најбогати во регионот, бидејќи методологијата што ја користи „Финансе менаџер“ не е компатибилна со методологијата што ја користат експертите од берзата „Неделник“, пишува Капитал.