УНИ Банка исплаќа полугодишна камата за перпетуалните обврзници: Еве кој има право на исплата

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје информира дека ќе изврши исплата на
полугодишна камата по каматна стапка 5% на годишно ниво на имателите на перпетуалниобврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.
Исплатата на камата ќе се изврши на 2-ри Март 2026 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 28-ми Февруари 2026 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 26-ти и 27-ми Февруари 2026 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата, при што купувачот при порамнувањето на 2-ри и 3-ти Март 2026 година ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот.
При тоа, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 2-ри и 3-ти Март 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.