Германските компании во стапица: Недостатокот на квалификуван кадар во Источна Европа е за 16% поголем отколку дома

Германските компании кои го преместуваат производството во Источна Европа имаат проблеми со недостаток на квалификувана работна сила, ниско ниво на автоматизација и скок на трошоците за работна сила, откри во истражувањето Strategy&, консултантска подружница на PwC.

Мотивот за истражувањето биле поголеми инвестиции од страна на германските компании во источните соседи во услови на високи цени на енергијата во матичната земја и трошоци за работна сила за 30 проценти повисоки од просекот во ЕУ. Германските бизнис лидери почнаа да го преместуваат производството од Кина во соседството во последниве години, а најпопуларните локации помеѓу 2015 и 2024 година се Полска и Чешка.

Нивните очекувања за пониски трошоци се вратија како бумеранг, заклучува истражувањето, забележувајќи дека трошоците за работна сила во Источна Европа растат приближно три пати побрзо од продуктивноста. Недостатокот на квалификувани работници е за 16 проценти повисок отколку во матичната Германија, при што цените на енергијата се зголемија тројно во последните пет години.

Локацијата на производство повеќе не може да биде единствениот „адут“ на директорот  во зајакнувањето на конкурентноста, заклучува авторот на истражувањето, Михаел Вајс. Преселбата во азиските земји носи пониски трошоци и подобри услови, откри консултантската фирма. Енергијата е многу поевтина во бројни азиски земји, од Кина до Малезија, отколку во Европа, открија тие.

Просечните плати во Кина се десет проценти пониски отколку во Германија, а продуктивноста брзо се подобри на краток рок благодарение на побрзата автоматизација и широката употреба на роботи, додека во Германија стагнира, покажа истражувањето.