Во првиот квартал од следната 2014 година, директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развјони зони, Виктор Мизо, очекува конечна одлука за инвестирање во Македонија да донесат 10-тина компании.
Мизо потенцираше дека најважно е што инвестициите се за повеќе локации на територијата на државата и не се сконцентрирани само на едно место, како што Џонсон контрол отвори фабрика во Штип, Комберт и Шуберт во Битола, Дрекселмаер и Кофикаб во Кавадарци.
Мизо, исто така, најави и дека американска компанија за производство на воздушни перничиња ќе отвори своја фабрика во Кичево и ќе обезбеди околу 1.000 работни места.
Директорот пред почетокот на трибината Странските инвестиции како двигател на македонската економија, најави дека ќе се отвораат и нови работни места во другите економски зони низ државата.