
Германската пензиска комисија усвои пакет од 30 мерки што предвидуваат сеопфатни и прилично радикални промени во пензискиот систем на земјата.
Предлозите ќе бидат официјално презентирани на федералниот канцелар Фридрих Мерц и министерот за труд Бербел Бас во вторник, а подолу е даден преглед на клучните реформи:
Зголемување на возраста за пензионирање: Работниот век постепено ќе се продолжува. Според планот, задолжителното пензионирање на 69 години ќе се воведе од 2071 година, додека од 2091 година ограничувањето ќе се помести на 70.
Укинување на предвременото пензионирање: Популарниот модел „пензионирање на 63 години“ (Rente mit 63) ќе биде целосно укинат.
Инвестирање на дел од придонесите на берзата: Дел од пензиските фондови ќе бидат пренасочени кон пазарот на капитал за да служат како финансиски амортизер. Во почетната фаза, ќе се инвестира еден процентен поен од придонесот (подеднакво на товар на работодавачот и вработениот), со планирано зголемување на два процентни поени во подоцнежната фаза.
Враќање на факторот на одржливост: Од 2031 година, таканаречениот фактор на одржливост (Nachhaltigkeitsfaktor), кој го поврзува растот на пензиите со движењето на бројот на осигурени лица. Ова ќе го забави растот на придонесите, но исто така значително ќе го ограничи годишното зголемување на пензиите.
Проширување на кругот на придонесувачи: Обврската за плаќање придонеси ќе се прошири на членовите на Бундестагот и покраинските парламенти, самовработените, занаетчиите, како и членовите на менаџментот на акционерските друштва. Државните службеници засега остануваат ослободени.
Укинување на привилегиите за мини-работни места: Претходниот модел на работни места ослободени од пензиски придонеси ќе биде укинат. Во иднина, само студентите и учениците ќе можат да работат без придонеси, со ограничување на месечната заработка до 603 евра. Сите други ќе мора да работат со целосни придонеси.
Овој пакет реформи претставува еден од најамбициозните обиди за стабилизирање на пензискиот систем во Германија, во контекст на стареење на населението и растечки притисок врз јавните финансии, пренесува Банкар.ме.











