
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.
Исплатата на камата ќе се изврши на 26.10.2026 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23.10.2026 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 21 и 22 Октомври 2026 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата, при што Купувачот при порамнувањето на 26 и 27 Октомври ќе треба да му го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 26 и 27 Октомври 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.













