Лагард: Франција треба сама да ја реши буџетската криза преку фискална политика

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес изјави дека решението за влошената финансиска состојба на Франција мора да дојде од таа земја, преку фискална политика, со што ќе се намалат очекувањата дека ЕЦБ би можела да интервенира за ублажување на должничката криза.

„Првото и основно решение лежи во самата Франција и се однесува на фискалната политика“, изјави Лагард на настан на медиумската компанија CNN во Бангкок, одговарајќи на прашање за можноста ЕЦБ да обезбеди поддршка на втората најголема економија во Европската Унија.

Јавниот долг на Франција достигна речиси 120 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а приносот на референтните десетгодишни обврзници се приближи до нивото од пет проценти, највисоко за повеќе од две децении, што ги зголемува трошоците за задолжување на државата и дополнително ја оптоварува економската активност.