Економистите очекуваат побавен раст на каматните стапки во Велика Британија и слабеење на инфлаторните притисоци

Економистите во Сити веруваат дека Банката на Англија веројатно нема да ја зголеми референтната каматна стапка за цел процентен поен од сегашните 3,75 на 4,75 проценти до крајот на јули 2027 година, како што моментално очекуваат финансиските пазари.

Тие веруваат дека таков циклус на затегнување на монетарната политика е малку веројатен, бидејќи засега нема многу знаци дека порастот на цените на енергијата предизвикува посилно зголемување на цените на другите производи и услуги, објавува „Гардијан“.

Според проценката на економистот на холандската банка ING Џејмс Смит, Банката на Англија веќе напролет би можела да сигнализира дека инфлаторните ризици ослабнале, а до крајот на 2027 година би можела повторно да почне да ги намалува каматните стапки.