Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668.003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5,4%.
Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 33,3%, додека бруто-домашното производство со 66,7%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 4.316 мил.mn3 што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува раст од 16,7%.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 50,2%, додека финалната потрошувачка со 48,4%.