Штипското јавно претпријатие Штип проект, го реализираше Деталниот урбанистички план (ДУП) за изградба на новата фабрика за производство на каросерии за автобуси.
“На 12 хектари ќе се гради новата фабрика и на барање на инвеститорот, општина Штип во најбрз можен рок му излезе во пресрет на бизнис секторот”, рече Александар Шумански, директор на ЈП Штип проект.
Според првичните најави, во новата фабрика за производство на каросерии за автобуси треба да се вработат околу 500 лица.