Нова трафостаница во Караслари

45

Жителите на Караслари, Велешко, добија нова трафостаница, за чија изградба се потрешени 800.000 денари. Трафостаницата е со напојување од 50 киловат-ампери и е наменета за напојување на пумпите за вода.
Од општина Велес информираат дека при изградбата на трафостаницата во предвид се земени и идните напојувања на вода во овој дел.
Со новата трафостаница ќе можат да се испумпуваат 10 литри вода во секунда, количина која е доволна да ги задоволи потребите на мештаните и на новата индустриска зона.