Сончево и тивко

10

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, но по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Претежно ќе биде тивко, само на повисоките места ќе дува слаб северен ветер. Дневните температури ќе се движат од седум до 13 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 11 степени.