Во Шуто Оризари ќе се гради фабрика за рециклирање отпад

66

Во општина Шуто Оризари денес ќе биде поставен камен темелник на објект за производство на опрема за рециклирање отпад и отпадни води на хрватската компанија Техникс.

Станува збор за една водечка компанија во еко-индустријата за проектирање, производство и инсталирање разновидна опрема и постројки за рециклирање отпад и отпадни води во Југоисточна Европа. Техникс е со седиште во Долни Краљевац, Хрватска.

На свеченоста ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.