Катар купи дел од бизнисот на American Express за 900 милиони долари

43

am ex

Катарскиот државен инвестициски фонд заедно со група инвеститори купија удел во American Express за 900 милиони долари. Станува збор за деловната единица Global Business Travel која има 14.000 вработени, работи во 139 земји и годишно одработува трансакции тешки 29,2 милијарди долари. Катарците купија 50% од оваа единица, а преговорите се водеа шест месеци, јавува Блумберг.

Шефот на катарскиот државен инвестициски фонд, Ахмед ал Сајед вели дека овој бизнис позитивно ќе се одрази и на други компании во нивното инвестициско портфолио.

Заедничкото вложување е дел од реструктуирањето што American Express го започна минатата година. American Express вели дека дел од трансакцијата ќе искористи за иницијативи за раст.