Сникерс во рамките на кампањата Ти не си ти кога си гладен направи видео во кое градежници на жените наместо погрдни зборови, им дофрлуваа комплименти.
Но, не се сите воодушевени од оваа реклама. Ако градежните работници се учтиви кога “не се при себе”, тоа значи дека инаку се дрски и невоспитани. Коментарите се различни, но има незадоволни и кај двата пола.
Проектот го изработи австралиската агенција Clemenger BBDO од Мелбурн.