Пепси ги поздрави хероите на и надвор од теренот

50

p1

Пепси денес ја имаше глобалната премиера на последната еволуција на фудбалската кампања за 2014 година – нова серија на кратки сцени и ТВ реклама која ги слави фудбалот и музиката, докажувајќи дека МОМЕНТОТ Е ТОА ШТО ЌЕ НАПРАВИТЕ ОД НЕГО. Креативата за МОМЕНТОТ е предвидена да биде промовирана во речиси 100 држави. Со ѕвездената фудбалска постава за 2014 на Пепси во главната улога – Робин Ван Перси, Давид Луиз, Серхио Рамос, Серхио Агиеро, Џек Вилшир и четирикратниот играч на годината, Лео Меси – спотот ги спојува световите на фудбалот и музиката преку несекојдневната пејачка, композитор и продуцент Janelle Monáe која ќе изведе ексклузивна, освежена верзија на легендарниот хит на Дејвид Боуви, Heroes – која од денес ќе биде достапна и на iTunes насекаде низ светот.

Капитанот на аргентинската репрезентација Лео Меси коментираше: Пепси ја слави страста и енергијата на фудбалските фанови. Ова е прекрасна химна, која не поврзува сите – на улица и на терените – во прославување на моментот.

Како што спортот го обединува светот преку пријателски натпревар, Стони дигиталната бит сензација ги обединува познатите фудбалери, градот Рио и Janelle со прост ритам, со цел да креира страст на која не може да ù се одолее. Додека се провлекува низ улиците на Рио приказната е раскажана преку очите на овој секојдневен херој – докажувајќи дека секој ден може да биде несекојдневен, кога живеете за моментот. Стони ги носи фановите низ разнобојно, ритмичко патување, обединувајќи ги музиката, фудбалот и уметноста. Испреплетената приказна завршува со електрична кулминација каде Стони стапнува на урбан терен исполнет со голем број на фанови,  сплотени во спонтан момент на прославување.

“Бевме инспирирани од моќта и заедништвото кои спортот и музиката ги даваат на светот. Нашиот план да го доловиме овој дух ја прославува креативната страст на фудбалерите со музиката и како овие две сили нè инспирираат да го ЖИВЕЕМЕ МОМЕНТОТ. Имаме долга историја на соработување со најголемите светски фудбалски таленти, со цел да создадеме прекрасни креативни решенија, кои поттикнуваат дискусии и креираат незаборавни моменти кои ги спојуваат и возбудуваат фудбалските фанови низ целиот свет“, изјави Кристин Патрик, Глобален Маркетинг директор на Пепси, ПепсиКо групација.

За повеќе информации за Пепси и кампањата, посетете ја страницата на Пепси www.pepsi.com и следете ја онлајн конверзацијата на #FutbolNow.

p2

p3

p4

p5

p6