Производството на зеленчук од Центарот за органска храна ESOF од Камењача, Доњи Вакуф, БиХ, е отупено не само за оваа, туку и за следните 15 години од германската компанија Био Аграр, која понатаму го дистрибуира во маркетите во Германија, Британија и Франција, пишува Ал Џазира.
Директорот на компанијата која постои само една година, Семин Башиќ, вели дека за производството на зеленчук во овој центар се користат исклучиво органски стимулатори и средства.
“Производството во овие 22 пластеника е без употреба на пестициди, што значи дека заштитата е на органска база, без никакво хемиско присуство. Почвата за садниците ги исполнува високите светски критериуми, а во апсолутно чисти органски услови се произведуваат и самите садници, така што од самото семе до плодот имаме заокружен циклус на органско производство”, вели агрономот Едина Хабиб.
Со 17 вработени, оваа компанија произведува околу 600 тони зеленчук. Во Центарот до сега се инвестирани скоро три милиони евра, а целта им е до 2015 година на подигнат 100 професионални пластеници на вкупна површина од 50.000 метри квадратни.
Светскиот пазар на органска храна вреди близу 40 милијарди евра, од кои половина отпаѓаат на Европа.
Фото: Al Jazeera