Работна средба со претставници на Стопанската комора на Истанбул денес оствари министерот за економија Ваљон Сарачини, предводени од претседателот Мурат Јалчнташ и од претседателот на Советот за надворешна економска соработка на Република Турција, Хасан Хошбен.
Главна цел на средбата беше разгледување на можноста за отворање на нова слободна економска зона за турските компании помеѓу општините Куманово, Липково и Арачиново, која би била центар за извезување на турските производи на европскиот пазар, се вели во соопштението на министерството.
Министерот Сараќини ја поздрави идејата за отварање на една ваква зона, истакнувајќи ги поволностите кои ги нуди Владата за странските инвеститори, подобрената бизнис клима, инфраструктурата и квалификуваната работна сила.
„Странските инвестиции за нашата економија имаат повеќедимензионално значење, тие придонесуваат за зголемување на пазарната конкуренција и зголемување на извозот. Владата даде огромен придонес за подобрување на климата за инвестирање во Македонија, имаме добра инфраструктура, многу поволности за странските инвеститори и што е најбитно квалификувана работна сила“, изјави Сараќини.
Тој информираше дека за изградба на нова слободна економска зона за турските компании, идеална е локацијата помеѓу општините Куманово, Липково и Арачиново, за кои се заинтертесирани овие инвеститори.
Блискоста до границата со Република Бугарија, железничката инфраструктура, која е во изградба, автопататот и блискоста до аеродромот, се само неколку поволностите кои ги нуди оваа локација“, рече Сараќини.
Стопанската комора на Истанбул која е најголема во Турција, со 400.000 членки, е многу заинтересирана за инвестира во Македонија, изјави Мурат Јалчнташ, информирајќи дека меѓу турските компании секојдневно расте интересот за Македонија.
Нашиот сон додаде тој, е од зоната во кумановско во која планираме да изградиме 20-25 фабрики, да ги извезуваме нашите продукти во Европа, бидејќи Македонија ја гледаме како најповолна земја за тоа.
„Македонија ја гледаме како држава која станува се по атрактивна за инвестирање, многу се зборува помеѓу компаниите за вашата држава, пристапот кон инвеститорите, посебно за оние од Турција е многу добар и нашата цел е поврзување на компаниите од двете држави, продлабочување на соработката и заедничко претставување на трети земји“, изјави Јалчнташ.