Србија размислува да воведе посебна банка за спорните кредити

44

Народната банка на Србија (НБС) наскоро ќе понуди конкретни решенија за спорните и ненаплатливи кредити. Постојат неколку идеи, а една од нив е оваа категорија на кредити да се преместат во некоја посебна банка, па така и во Србија да се примени ова решение кое веќе постои во одредени земји, пишуваат српските медиуми.

“И меѓународниот фонд ни даде поддршка. Сакаме да создадеме институција каква што веќе функционира во некои земји. Но, и да не дозволиме фирмите што добро стојат, а имаат кредити, да се провлечат преку отпис на побарувањата”, изјави гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ.

Според податоците на НБС, вкупните проблематични кредити во стопанството достигнале 23,7% од вкупно одобрените. Најизразени се проблемите во секторот на градежништво и работа со недвижнини, чие учество е поголемо од 40%. Не е подобра ситуацијата ниту во преработувачката индустрија.