Coca-Cola ќе престане да ја користи контроверзната состојка BVO во пијалоците

62

-pepsi-coca-cola-614xaДо крајот на оваа година, најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци Coca-Cola планира да ја исфрли контроверзната состојка од некои од своите брендирани пијалоци.

Бромираното растително масло или BVO се наоѓа во овошните и спортските пијалоци на Coca-Cola, како што се Fanta и Powerade. Конкурентската компанија Pepsi минатата година веќе ја отстрани оваа хемикалија од спортскиот напиток Gatorade.

Според зборовите на медицинските истражувачи на Клиниката Мајо, прекумерната конзумација на газирани пијалоци кои содржат BVO негативно влијае врз здравјето и предизвикува загуба на помнењето, но и проблеми со кожата и нервите.

BVO е исклучен од листата на безбедна храна на американската Агенција за храна и лекови уште во 1970 година. Меѓутоа, на компаниите им беше дозволено користење на BVO во мали количини.

Одлуката на Coca-Cola за отстранување на BVO од пијалоците одразува растечки тренд меѓу компаниите за преспитување на одредени практики поради притисокот на јавноста.