Од Њујорк до Токио со авион за помалку од еден час?

53

branson

Британскиот милијардер и бизнисмен, Ричард Бренсон, работи на создавање на летало со кое патници од Њујорк до Токио ќе може да патуваат за помалку од еден час, пренесува американски CNBC.

Бренсон е сопственик на компанијата Virgin Galactic со која сака да го популаризира вселенскиот туризам и да им овозможи на обичните луѓе, односно на оние кои тоа можат да си дозволат, патување во вселената.

“Ќе создадеме суперсонично летало кое може да помине што е можно поголема дистанца за најкратко време, многу побрзо од она што како перформанса го имаат Concord авионите“, изјави Бренсон.

Што се однесува до супер-брзите авиони, за нив најверојатно ќе треба да се почека уште некое време. Бренсон неодамна изјавил дека развојот на таквите авиони воопшто не е едноставен, но сепак е возможен. Тој и понатаму верува дека интерконтиненталните летови во иднина нема да се мерат во часови, туку во минути.