Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во март оваа година изнесува 729.769.000 денари, што е зголемување од 24,7% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 76,8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 26,7%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: житата, индустриските и градинарските растенија, млечните производи и рибата, додека намалување се забележува кај: овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото.