Со Олимписките игри во Сочи и кризата во Украина, рускиот претседател Владимир Путин на светот му ја покажа желбата и моќта за зајакнување на угледот на Русија во светски рамки.
Постојано ја изненадува светската јавност со одлуките што ги носи, од кои последната е забраната за пцовки во сите руски филмови, книги, концерти, на телевизија. Путин лично го следеше напредокот во револуционерното решение за проектирање лимузини, знак за моќ на светските лидери.
Најновиот проект преку кој Путин сака да ја покаже својата моќ е проектот Cortege. Тој вклучува производство на повеќе возила, и тоа лимузини, комбиња и спортски автомобили. Во нивната изработка учество ќе земат неколку руски компании, но и Porsche, пренесува Россијскаја газета.
Првиот прототип би требало да почне со тестирање на крајот на оваа година, а почетокот на производството е планирано за 2016-та година. За 2017-та година, планирано е да се конструира и теренско возило.