Европа прокнижи нето добивка од над 3,4 милиони денари

40

evropa fabrika

Фабриката за кондиторски производи Европа оствари добивка од 3.438.000 денари во првиот квартал од оваа година, покажува Билансот на успех на компанијата објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани нето добивката на компанијата била на ниво од 1.974.000 денари, што во споредба со оваа година, значи зголемување од 1.464.000 денари.

Приходите од продажба на компанијата, во период од јануари до март оваа година, изнесуваат 147.428.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 80.939.000 денари, а останатите 66.489.000 денари се од пласман на странски пазар.